Македонија
15. February 2017 - 14:19

Продолжува поставувањето подземни контејнери во Кислеа Вода

Општина Кисела Вода соопшти дека во соработка со град Скопје и ЈП Комунална хигиена продолжува со реализација на проектот за поставување на подземни контејнери.

Во насока на подобрување на животната средина, во изминатиов период на три нови локации се поставени подземни контејнери - во УЗ Драчево на ул. Коперникова, во населба Цветан Димов и на ул. Христо Татрчев во Расадник.
 
Со цел да се постигне повисок степен на хигиена и избегнување на непријатната миризба досега на шест локации на територијата на општина Кисела Вода се поставени подземни контејнери. Во реализацијата на овој проект и општината учествува со сопствени финансиски средства.