Кошарка
18. January 2022 - 12:38

Продолжува одигрувањето на одложените натпревари во Евролигата

Вечерва ќе се одиграат два одложени натпревари од 19. коло во Евролигата. Програмата се отвора во 21:00 часот, кога двата француски претставници АСВЕЛ (Вилербан) и Монако ќе се соочат на паркетот во салата Астробал. Половина час подоцна започна натпреварот помеѓу Олимпија (Милан) и АЛБА (Берлин).