Македонија
24. February 2021 - 16:54

Продoлжува градбата во Охрид во услови на загрозен статус во УНЕСКО

Во период кога Охрид може да се најде на црната листа на загрозени подрачја под заштита на Унеско кај Горица ќе се гради нов хотел. На самото крајбрежје на местото на ресторанот и дискотека Парк ќе никне објект на три ката плус поткровје кој има одобрение за градба од 2018 година. Со оглед  на тоа дека е обезбедена сета потребна документација градоначалникот Георгиески тврди дека е е немоќен да ја стопира градбата.

Георгиески потенцира дека општина Охрид има поднесено кривични пријави за узурпација на земјиште до правни и физички лица кои обавувале дејност на плажите.

И додека екологистите стравуваат дека на ова репрезентативно место ќе никне здание кое ќе го узурпира брегот ,градоначалникот Георгиески најави дека тендерската постапка за избор на фирма која работи на отстранување на дивоградбите е во тек и веднаш штом заврши постапката ќе продолжи постапувањето по однос препораките на УНЕСКО. .