Македонија
5. October 2016 - 9:20

Продолжува амандманската расправа за Буџетот за 2017

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе продолжи амандманската расправа за Предлог-буџетот на Република Македонија за 2017 година во Комисија за финансирање и буџет.

Вкупно 422 амандмани имаше доставено за Предлог-Буџетот во 2017 година, 250 се поднесени од ДПА, а 172 се од СДСМ. 

Според Предлог буџетот, вкупните приходи се планирани на ниво од 187,6 милијарди денари што е за 7,6 отсто повеќе во однос на 2016 година. Вкупните расходи се на ниво од 206,22 милијарди денари или за 4,5 проценти повеќе во однос на годинава. Буџетскиот дефицит е предвиден да изнесува 3 проценти од БДП, односно 18,6 милијарди денари.

Капиталните инвестиции се планирани на 26,95 милијарди денари.

Буџетот е работен врз основа на проекција за раст на економијата од 3 проценти, а инфлацијата да остане на ниво од 1 отсто.

На дневен ред на Комисијата е и Предлог-закон за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2017 година, по скратена постапка, во второ читање.