Фудбал
27. February 2018 - 11:16

Продолжува агонијата на Леванте

Екипата на Леванте по одличниот старт на сезоната влезе во резултатска криза и загуби важен меч пред својата публика од Бетис и тоа со 2-0.
Тимот од Валенсија нема победа од Ноември минатата година и сега е само бод пред опасната зона.
Поразот од Бетис е 13.-ти сезонава и најверојатно ќе значи и отказ за тренерот Муњиз кој е под жесток притисок и поради односот кон нашиот репрезенетативец Енис Барди кој мечот го следеше од трибините.