Македонија
11. јуни 2018 - 17:45

Продолжи судењето за случајот „ТНТ“ - одбраната негодува за снимките, за СЈО тие се доказ за политичка одмазда

Со 26 телефонски разговори и 57 смс пораки, Специјалното обвинителство во судница денеска го докажуваше незаконското уривање на објектот Космос. Доказите беа презентирани и покрај противењето на адвокатите., кои побараа СЈО да најде начин да ја докаже нивната автентичност.

Во најголемиот дел од аудио-снимките, Груевски и Јанакиевски разговараат околу процесот и динамиката на рушењето на комплексот. Екс-премиерот посочува дека на ист ваков начин законот треба да важи и за сите останати дивоградби, а на јанкиевски му го пренесува и ставот на странските претставници во земјава кои исто така се интересирале за овој процес.

Стенд ап: Со обвинението, СЈО тврди дека објектот Косомс е срушен поради политичка одмазда, бидејќи Фијат Цановски како претседател на политичката партија ПЕИ во 2010 година, ја напуштил коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и се приклучил кон тогашната опозиција.

Доказите на СЈО Груевски пред судот ги нарече ѓубре. Неговите адвокати тврдат дека и покрај тоа што се прибавени на незаконски начин и никој не ја гарантира нивната автентичност, сепак ниту овие аудио-снимки не докажуваат противзаконско работење. Напротив, според нив останува фактот дека објектот Космос е дивоградба, а тоа велат го признава и самиот Фијат Цановски.

Следното рочиште е закажано на 3 јули.