Македонија
7. July 2021 - 14:48

Продолжи расправата за ребалансот на Буџетот

Ставовите на власта и опозицијата во однос на ребалансот на Буџетот во останаа непроменети и на денешното продолжение на расправата на собраниската Комисија за финансирање и буџет. За власта, ребалансот е развоен, со повеќе пари за стабилизирање на економијата, а за опозицијата е расипнички, со повеќе пари за предизборен поткуп и партиски вработувања.

-Со ребалансот на Буџетот се креира конкурентна деловна клима која треба да биде извозно ориентирана со силна поддршка на претпиемништвото и иновациите, подобрување до пристапот до финансии и адаптација на технологија, модернизација на сектори каде има компаративна предност, сузбивање сива економија, дигитализација на економијата и развој на човечките реурси и инвестици во образованието науката и здравството, рече Марија Георгиевска, пратеничка од СДСМ.

Приоритетите, додаде, ќе бидат насочени кон справување со послдиците од пандемијата преку зголемување на обем на инвестиции со директна поддршка на активностите на самите компании за отворање работни места преку активните мерки за врабоување и преку поддршка и развој на микро, мали и средни претпријатија.

-Ова подразбира дека поддршка теба да се реалиизра преку креирање фондови и користење инструменти кои ќе помогнат во поддршката на извозните компании. Овој ребаланс на Буџетот  е поддршка за стабилност, за развој на економијата, за стимулирање  позитивни движења кои се предвидува да се случат наредниот период за да може побрзо да се вратиме на претходните стапки на раст и развој, рече Георгиевска.

Реплицирајќи и, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска истакна дека сето ова е празни зборови исто како и се што се говорело претходно а не се направилово полза на граѓаните.

-Дали сево ова што го зборувате го чувствуваат граѓаните. Релабаланс и Буџет како стратешки документ се носат за граѓаните. Тие не само што не чувствуваат дека се случува нешто добро, туку ваква криза досега немало, тие не можат крај со крај да врзат, а малопродажните цени току рапидно растат и не се гледа крајот, рече Ласовска.

Додаде дека пратениците од власта говорат оти тој е развоен, но, како што посочи, тој ни од далеку не е тоа.

-Напротив, не само мое мислење, туку и на експертската јавност и стопанските комори е дека овој ребаланс не само што не е развоен, туку е предизборен поткуп и ја стагнира државата, рече Ласовска.

Дебатата за ребалансот почна на 1 јули, а Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2021 година го образложи заменик министерот за финансии, Димитар Ковачески. Поднесени се 222 амандмани, од кои 154 од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Заменик-министерот рече дека Предлог-ребалансот заслужува конструктивна диксусија базирана на аргументи. Тој ги повика сите пратеници да го поддржат. Клучни сегменти се, напомена, зголемување на капиталните инвестиции и продолжување на поддршката за стопанството, а приоритет остануваат здравјето на граѓаните, здравата економија и здравите финансии.

Со ребалансот, приходите се проектирани на 222,6 милијарди денари и се за 4,7 отсто повисоки во однос на иницијалниот Буџет за 2021 гоидна, што, според предлагачот, се должи на добрата реализација на приходите од почетокот на годината. Расходите се планирани на 268,8 милијарди денари или за 8,6 проценти повеќе во однос на иницијалниот Буџет.

Дефицитот е позициониран во износ од 46,2 милијарда денари, односно 6,5 отсто од БДП. Зголемување има и кај капиталните расходи за 6,5 милијарди денари и се проектирани на ниво од 30,5 милијарди денари. Нивното учество во вкупните расходи на Буџетот од иницијално планираните 9,4 проценти, се зголемува на 11,3 отсто што е повисоко ниво од просекот во последните десет години.