Продолжи комисиската расправа за буџетот, опозицијата не е присутна
Комисијата за финансирање и буџет денеска ја продолжи расправата по Предлог-буџетот за 2018 година. Со продолжението на седницата претседава пратеникот од СДСМ Васко Ковачевски кој го назначи претседателот на Собранието Талат Џафери да претседава со Комисијата откако претседателката на ова собраниско тело Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ повторно го одложи закажаното продолжение за денеска претпладне.
На седницата не присуствуваат членовите пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Пратениците од владејачкото мнозинство аплеираше до своите колеги да дојдат и да се вклучат во дискусијата.
- Апелирам до колегите од ВМРО-ДПМНЕ дека треба да дојдат и да се вклучат во дискусијата за буџетот. Да ги обрзложат или да ги бранат многуте амандмани што ги предложија за буџетот и чувствувам потреба дека доколку донесат таква одлука во секој момент претседателката на Комисијата Лилјана Кузманова може да дојде и да продолжи да ја води седницата и да почнеме суштинска дебата, затоа што роковите течат. Денеска е шестиот ден, а вкупно се десет и ние мора да продолиме со работа, рече Јован Митревски од СДСМ.
Тој појасни дека буџетот е еден од најзначајните документи и точката на дневен ред е еден од најважните за функционирање на државата и затоа како владеачко мнозинство чувствуваме потреба да продолжи со работа оваа Комисија.
- Бевте сведоци дека изминантите денови секојдневно беше закажувано продолжение и дваесетина минути пред да почне истата беше одложувана. Тоа се случи и за денеска, рече Митревски.
На денешното продолжение на седницата тече општиот претрес по Предлог-буџетот за 2018 година.
Расправата почна минатата недела на 27-ми ноември и оттогаш беа закажани неколку продолженија кои не се одржаа. Кузмановска ја одложуваше седницата на Комисијата за Буџетот по акцијата за приведувања во врска со насилството во Собранието на 27 април, меѓу кои се и шестмина пратеници од нејзината пратеничка група.
Вкупно расправата во Комисијата трае 10 дена, а потоа предлогот се праќа на пленарна седница каде расправата трае пет работни денови. На предложениот текст се поднесени 279 амандмани.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората