Продолжение на 71. седница во Парламентот
Собранието денеска треба да ја продолжи 71. седница, на која на дневен ред се повеќе точки.
Се очекува пратениците да дебатираат за годишните извештаи на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права 2021, за работата на Судскиот совет за 2021 и на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2021 година.
На оваа седница на дневен ред е и Интерпелација за работата на претседателката на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Соња Мираковска, поднесена од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Годишен извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2021 година, измени и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, Информација за пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година и друго.
Ново на Сител
-
Зголемена потрошувачка на вода во Струмица, 195 литри се трошат во секунда
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Анита Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино