Свет
20. April 2020 - 15:40

Продолжени мерките за ограничено движење на Нов Зеланд

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн денеска најави дека мерката за ограничено движење останува во сила уште една недела.

Таквата мерка е во сила речиси еден месец поради пандемијата со новиот коронавирус.

Граѓаните на Нов Зеланд можат да ги напуштат домовите само за да купат прехранбени производи и доколку сакаат да вежбаат.

Од следната недела предвидено е да продолжи работата на градежните објекти и во некои фабрики, а се планира и отворање на поединечни училишта.

На Нов Зеланд досега со новиот коронавирус заразени се 1.440 луѓе, од кои 12 починале.