Продолжен притворот за двајцата штипјани кои брутално тепаа девојка
Продолжен е притворот на двајцата насилници на возраст од 23 и 26 години, кои во јануари брутално тепаа 20-годишна девојка, а насилството го снимаа на мобилен телефон.
Портпаролот на Основен суд-Штип, Катерина Миленкова-Трајчева за МИА изајви дека на двајцата им е продолжена мерката притвор од 30 дена. Предметот е веќе распределен кај судија, кој во најбрз рок ќе го закаже и судското рочиште.
Основниот јавен обвинител, Ристе Бојаџиски рече дека вчера го доставил обвинителниот предлог за продолжување на мерката притвор се до донесувањето на пресуда од страна на Судот. Двајцата насилниците се обвинети за сторено кривично дело „насилство“, а казната за вакви дела се движи од шест месеци до пет години затвор.
Видео материјалот беше објавен на социјалните мрежи на 2 април, кој молскавично се ширеше, а јавноста најостро го осуди настанот. Со жртвата работат тимови на Центарот за социјални работи и НВО „ЕХО“-Штип.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка