Македонија
25. January 2019 - 18:45

Продолжен притворот на Мијалков, Камчев и другите од „Империја“

 Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје го продолжи куќниот притвор за обвинетите во предметот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Како што соопштија од судот за МИА, постапувајки по предлог на Јавното обвинитество за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за продолжување на мерката куќен притвор во случајот за јавноста познат како „Империја“, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје го прифати предлогот и на лицата С.М. Ј.К. Н.Ј. Ч.П. Т.М. и З.А. им ја продолжи мерката куќен притвор.