Македонија
14. August 2016 - 9:43

Продиџи го затвора „Ohrid calling“

На стадионот на СРЦ „Билјанини извори“ вечерва ќе се одржи и долго очекуваниот спектакл - концертот на светската атракција групата „Продиџи“, со што ќе биде заокружено првото издание на фестивалот „Ohrid calling“.

Непосредно пред концертот кој ќе го одржат во Охрид, Продиџи објавија порака со сочувство до семејствата на загинатите во поплавите во Македонија и најавија донација.