Продажна изложба на проекти од креативни индустрии
Во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ денеска ќе биде отворена продажна изложба на дел од проектите од областа на креативните индустрии кои беа финансиски поддржани од Министерството за култура во 2015 година.
Ќе бидат изложени парчиња накит, облека, мебел и други дизајнерски производи со практична и применлива вредност, создадени од 17 млади креативни практичари. Продажната еднодневна изложба ќе биде отворена до 20 часот.
Министерството за култура од 2013 година објавува Годишен конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата од областа на креативните индустрии, кој наиде на исклучително позитивен одѕив кај македонските креативци.
Досега се поддржани повеќе од 200 проекти, а целта е да се поттикнат младите луѓе да го развиваат својот креативен потенцијал и иновативни размислувања, да се анимираат и охрабрат креативците од своите идеи да искреираат оригинални и уникатни дизајнерски производи.
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца