Проблемите со онлајн наставата ќе се решаваат во од, порача премиерот Заев
ИТ уреди и интернет биле обезбедени во поголем број онаму каде се уште нема ќе се набават. За учениците кои немаат услови да следат настава онлајн ќе им бидат обезбедени печатени материјали и снимени видео часови.
Постапката да се набават компјутери за 40 000 ученици ќе трае неколку месеци сигурно до април.
„Затоа во меѓувреме обебедуваме други начини како да ја следат наставата. Ќе направиме се да не оставиме ниту едно дете без да ја почне учебната година. Верувам институциите со својот буџет ќе успеат но и со солидарност на компаниите и граѓаните.“- изјави Зоран Заев,
Министерката Царовска тврди дека во најголем дел од училиштата онлајн наставата почнала денеска.
„Кај некои училишта се прави доопременување со техничка опрема и очекувам условите да бидат исполнети со заложба на секој од градоначалниците. Предизвикот е пред сите нас и треба да покажеме дека можеме да се носиме со вакви вонредни околности. Оваа година ќе биде поразлична и треба да бидеме флексибилни“.
Наставата ќе се емитува и на националниот сервис на македонски и албански јазик. Распоредот на часови е објавен на страната на МОН.
Мирјана Давидовска
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар