Проблеми со Фејсбук: Стотици корисници блокирани со часови, се уште нема решение
Стотици корисници на Фејсбук веќе со часови имаат проблеми со објавувањето на статуси, линкови и фотографии на нивните профили, што предизвика големо негодување.
Проблемот е сериозен, па многумина тврдат дека поради ваквиот пропуст Фејсбук може да дојде до бизнис загуба и други последици.
- Постои проблем со објавување на вашиот статус. Ве молиме обидете се повторно за неколку минути, гласи порака која им „се појавува“ на некои корисници при секој обид за објавување статус, поради што Фејсбук страницата за поплаки е преполна со лути коментари.
- Целосно сум блокиран, а администрирам неколку различни страници. Изгубив еден цел работен ден и ништо не сте решиле. Ве молам, решете го тоа. Денес требаше да имаме акција по пат на Фејсбук, но сега не можеме на корисниците да им јавиме зошто нема да се одржи. Веќе шест дена не можам ништо да споделам на мојот ѕид, а сега веќе не можам ни ништо да објавам, се само некои од незадоволните коментари.
Фејсбук се уште не се огласи за поплаките.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација