Пробиштип очекува над 10.000 гости на „Summer festival“
Пробиштип викендов очекува над 10.000 гости на фестивалот „Summer festival“ којшто четвртa година го организира општината.
Советникот за јавни дејности во општината Раде Илиевски на денешната прес-конференција рече дека за разлика од претходните фестивали, годинава имаат три фестивалски денови.
Фестивалот почнува в петок и таа вечер е резервирана за македонската музика од 80 –тите години.
- Гостин на вечерта ќе ни биде легендата Драган Б. Костиќ и Драган Мијалковски. Втората вечер ја започнуваме со Анета и Молика, потоа Викторија Лоба и на крајот завршуваме со Ареа, посочи Илиевски.
Тој истакна дека забава на фестивалот ќе има и во недела, а ќе настапат познати македонски музички групи и пејачи. - Третата вечер ја започнуваме со Антонија Ангеловска, ќе продолжиме со Андријана Јаневска, Тамара Тодевска и завршуваме со Нокаут, рече Илиевски.
Тој додаде дека фестивалот во Пробиштип е уникатен, бидејќи на него настапуваат само македонски групи и пеjачи со цел да се промовира македонската музичка сцена.
Фестивалот ќе се одржи на платото на градскиот пазар, каде што десетина угостители од Пробиштип ќе постават штандови.
Општина Пробиштип за реализација на фестивалот одвои еден милион денари од буџетот.
Ново на Сител
-
Стејт департмент: Северна Македонија успешно се справила со терористичките закани во 2023 година
-
Најстарата дива птица во светот на 74 години си најде партнер
-
Нови правила на „Евровизија“
-
Како се постигнува автентична харизма?
-
АЕК планира приходи од 572.550.000 денари, од кои 460 милиони од надомест за користење радиофрекфенции
-
Историјатот на носењето брачен прстен
-
Австралијци казнети за лажирање рак кај своето дете
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ на 5 мали дечиња од Кичево, татко им починал во сон, мајката ги напуштила