Македонија
9. April 2021 - 10:37

Приведено лице по распишана потерница за доиздржување казна затвор

На 08.04.2021 во 21.30 часот, од страна на полициски службеници од СВР Kуманово лишен е од слобода Ф.Р.(22) од Куманово, кој се барал со потерница за доиздржување на затворска казна во времетраење од  1 година и 3 месеца, за сторено кривично дело по чл.236 од Кривичниот законик.

Ф.Р. е спроведен  во Казнено-поправната установа Затвор Куманово  за доиздржување на казната