Македонија
5. January 2021 - 18:12

Приведено лице од тетовско барано со потерница

На 05.01.2021 во 14.50 часот во с.Доброште, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце, врз основа на судска наредба, го привеле А.А.(62) од с.Доброште, кој се барал со потерница за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 став 2 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправната установа Затвор-Тетово.