Македонија
13. October 2022 - 11:12

Приведено лице од Скопје осудено на 13 години затвор за „убиство“

 Полицијата синоќа во 21.50 часот на улица „Охридска“ во Скопје го лиши од слобода скопјанецот С.Б.(55).

Како што информираат од МВР, тој бил осуден на 13 години казна затвор за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик, а бил баран по распишана централна потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на 30 месеци од казната.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.