Македонија
20. July 2021 - 13:02

Приведено лице од Кочани барано по потерница

На 19.07.2021 околу 19.00 часот, полициски службеници од ОВР Кочани, врз основа на распишана потерница, го привеле А.Т.(37) од Кочани, осуден на затворска казна за сторени кривични дела „кражба“ и „одземање на моторно возило“.

По приведувањето, А.Т. бил спроведен во Казнено-поправната установа  Затвор - Струмица за издржување на казната.