Свет
12. April 2017 - 15:14

Приведено едно лице поради експлозијата во Дортмунд

Едно лице е приведено од германската полиција и осомничено за експлозијата во Дортмунд, во кој беше повреден еден фудбалер на клубот Борусија Дортмунд, изјави портпаролката на Федералното обвинителство, Фрауке Колер.

- Властите се во потрага по друго лице поврзано со инцидентот, изјави Колер на прес-конференција.

Според неа, станува збор за терористички напад.

- Вистинските мотиви за нападот се уште не се познати, нагласи Колер.