Македонија
4. February 2023 - 13:48

Приведени тројца Бугари на Деве Баир

На ГП Деве Баир приведени тројца бугарски државјани, се обиделе физички да нападнат полициски службеници, соопшти полицијата.

- Околу 12.45 часот на Граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Г.З (35),А.Х(50)и Р.Х(54) бугарски државјани кои најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале а потоа се  обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства,при што се приведени  и се работи на целосно расчистување на случајот, стои во соопштението од МВР.