Приведени странски државјанки во угостителски објекти во Сараќино и Тетово
Во акциски контроли на полицијата спроведени ноќеска во угостителски објекти во село Сараќино и Тетово се затекнати и приведени странски државјанки од Србија, Црна Гора и Албанија за злоупотреба на туристички престој и нелегално работење.
Во угостителскиот објект во Сараќино, сопственост на А.М. (36) биле затекнати осум женски лица од кои две државјанки на Македонија, четири од Србија, една од Црна Гора и една од Албанија. Во угостителскиот објект во Тетово, сопственост на М.Б. (37), биле затекнати 10 лица, од кои шест се државјанки на Македонија, две женски лица од Србија и две лица-гости од Албанија.
- Поради злоупотреба на туристичкиот престој и нелегална работа сите странски државјанки, како и двајцата гости од Албанија, биле приведени во Полициската станица Тетово, по што биле предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово за понатамошна постапка, информира Министерството за внатрешни работи.
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците