Македонија
1. February 2021 - 16:41

Приведени шестмина граѓани кои со лажни ПЦР тестови се обиделе да заминат во Бугарија

6 лица со фалсификувани ПЦР тестови вчера сакале да влезат во Бугарија преку Деве Баир. Сите патувале заедно. Според МВР тестовите кои ги приложиле биле на нивно име, но им ги издала лабораторија која немала акредитација да прави анализи за Ковид. Шестемина се приведени во полициска станица поради сомневање за сторени кривични дела непостапување според здравствени протоколи, фалсификување и употреба на исправа со невистинита содржина.

-Станува збор за пет лица од Скопје и едно од Кавадарци. И досега на граничните премини со Бугарија се евидентирани 20-тина вакви случаи, а околу 30 случаи имаме регистрирано и на останатите гранични премини претежно со Косово, изјави Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Полициската истрага треба да утврди дали станува збор за организиран начин на издавање на лажни тестови или пак на веќе издаден резултат се вметнуваат податоци од друго лице.

Влезот со Бугарија за македонски државјани од средината на август е дозволен само со негативен ПЦР не постар од 48 часа.