Македонија
4. February 2021 - 11:16

Приведени шест мигранти од Пакистан во кумановско Ваксинце, кај едниот од нив пронајден пиштол

Вчера во 18.30 часот во село Ваксинце по претходно добиени оперативни сознанија од страна на Одделот за криминалистичка полиција Куманово биле приведени шест мигранти од Пакистан, информираат од МВР.

При извршената контрола кај лицето М.Р.(33) од Пакистан бил пронајден еден пиштол со неколку куршуми.

Сите лица се приведени за понатамошна постапка.