Македонија
20. May 2020 - 9:17

Приведени се 39 лица кои не го почитувале полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие (19/20.05) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 52 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 39 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 33 прекршоци.

За последните 24 часа на територијата на Република Македонија на 34 лица им се издадени решенија за изолација, а 16 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.