Македонија
24. May 2020 - 10:08

Приведени се 32 лица кои не го почитувале полицискиот час изминатата ноќ

Во текот на изминатото деноноќие (23/24.05.2020) на територијата на Република Северна Македонија на 141 лице им се издадени решенија за изолација, а 14 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што констатирано е дека четири лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 59 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 32 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 255 прекршоци.