Приведени рибокрадци во Охрид
На брегот на Охридското езеро во близина на Охрид денеска околу 06.30 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро ги лишиле од слобода З.В.(62) и М.П.(43), двајцата од Охрид.
Претходно, како што соопштија од МВР, тие биле забележани како пловат со кајче во водите на езерото, а откако го извлекле кајчето од езерото од него извадиле три пластични корита со мрежи и риба со тежина од околу 14 килограми.
- Притоа, тие се обиделе да побегнат на полициските службеници, но набргу биле фатени и приведени во полициска станица. Уловот, кајчето и мрежите биле одземени и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-
„Ниту една повеќе“- повик за протест на граѓанските организации
-
Обид за убиство во Струга
-
Пресудата за онкологот Мери Пешевска на 22 септември
-
Заштеда до 2.000 денари по ученик од мерката „Училишна кошничка“
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот на Скопска Црна Гора, сомнежите се дека е подметнат
-
Оспореното упатство на ДИК за независните кандидатури пред Уставен
-
Во понеделник пресуда за онкологот Мери Пешевска која призна вина за несовесно лекување пациенти