Приведени над 2.000 лица во протестите по претседателските избори во Минск
По тридневен прекин повторно има мобилен интернет во Минск и од утрово, корисниците почнаа да примаат пораки, повеќето страници се отвораат, вклучувајќи извори на вести.
Ситуацијата во центарот на Минск е мирна.
Интернетот во Минск беше прекинат на денот на претседателските избори – 9 август. Според претседателот Александар Лукашенко, причина за проблемите со врската се кибер напади од странство. Во сите три дена од тогаш, во белорускиот главен град се случија насилни протести, откако резултатите од изборите покажаа победа за Лукашенко.
Белоруските власти соопштија дека уапсиле над 2.000 лица за време на протестите во понеделникот вечерта.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека 21 полицаец е повреден, од кои пет хоспитализирани.
Лидерот на опозицијата Светлана Тихановскаја ги повика своите сограѓани да не се спротивставуваат на полицијата и да не ги ризикуваат своите животи. Таа побегна во Литванија со своите деца по контроверзната победа на долгогодишниот лидер Александар Лукашенко на претседателските избори во неделата.
Властите вчера соопштија дека властите уапсиле околу 3.000 демонстранти.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица