Приведени лица од Ерџелија за поткуп во врска со изборите
Вчера во 06 часот од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи и полициската станица при ОВР Свети Николе во содејство со полициски службеници од СВР Штип при Бирото за јавна безбедност извршен е претрес кај четири лица од с.Ерџелија и тоа: кај З.З., И.В. (пронајдени се 4000 денари и пропаганден материјал од политичката партија, додека кај неговите родители со кои живее во заедница пронајдени се 60.000 денари во апоени од по 2000 денари), Д.В. (пронајдени се 3500 евра и пропаганден материјал од политичка партија) и С. И. (пронајдени се 10.000 денари, пропаганден материјал на политичка партија). Исто така, при претресот во едно возило паркирано во двор на С.И., а истото во сопственост на Б.Т., исто така од с.Ерџелија, пронајден е список на 20 лица. Во врска со пронајдениот список повикано е лицето Б. Т. и истиот при разговор признал дека во месец мај од страна на СВР Штип му била поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ, по што истиот се обратил кај С.И.,а тој му ветил дека ќе му помогне доколку Б.Т. обезбеди 20 гласачи за политичката партија. По ова ветување, Б.Т., направил список, разговарал со лицата од списокот и ги убедил истите да гласаат за оваа партија за да му помогнат да не оди во затвор. По ова, Б.Т. заедно со С.И. списокот на потенцијалните гласачи го предале во политичката партија. Извршена е консултација со ОЈО Свети Николе, по што дадени се насоки сите наведени лица да се лишат од слобода, да се изврши разговор со сите лица на списокот, како и со други лица кои се поврзани со наведените, да се провери потеклото на парите и пропагандниот материјал. По извршените проверки и дадениот исказ на Б. Т. пред јавен обвинител во Свети Николе е констатирано дека постои кривично дело по член 162 ст.1 од КЗ и дадени беа насоки да се извршат консултации со надлежното основно јавно обвинителство во Штип, по што беше констатирано истото кривично дело. С.И. е задржан во полициска станица.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка