Македонија
24. October 2021 - 11:55

Приведени две млади момчиња од Виница за пронајдена марихуана во возило

На 23.10.2021 во 23.20 часот на влезот на Виница, полициски службеници од ОВР Виница ги лишиле од слобода М.Е.(24) и М.Д.(25), двајцата од Виница.

При преглед во патничко возило „цитроен“, управувано од  М.Д., каде сопатник бил М.Е., биле пронајдени и одземени марихуана, ризла и предмети со остатоци од марихуана, велат од МВР.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.