Македонија
25. January 2021 - 10:42

Приведени две лица од Велес при купопродажба на хероин

 

Во Велес вчера се приведени две лица поради купопродажба на  хероин, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што соопшти МВР, вчера во 11.30 и 12.40 часот, полицајци од Одделение за недозволена трговија при СВР Велес, ги лишиле од слобода А.Н.(47) и И.Ѓ.(43) од Велес, бидејќи при извршен претрес во домот на А.Н. затекнат е И.Ѓ. при купопродажба на наркотична дрога хероин од првопријавениот кој му овозможил и консумација.

Од МВР дополнуваат дека кај пријавените се пронајдени и одземени пари, хероин и таблети, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.