Македонија
11. May 2022 - 20:23

Приведени две лица од Стајковци, пронајдена муниција

Полицијата ги лиши од слобода К.Г.(26) и Ф.М.(21) двајцата од село Стајковци, кај кои по извршен претрес е пронајдена муниција.

-При преглед во патничко возило „Мерцедес”, со скопски регистарски ознаки, извршен на паркинг простор на подрачјето на Гази Баба во кое се затекнати двете лица, пронајдени се и одземени две кутии со куршуми 7.62 мм, информира Министерството за внатрешни работи.

Двете лица се приведени, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.