Македонија
2. August 2021 - 16:36

Приведени две лица од Брвеница заради незаконско емитување на авторски содржини

Полициски службеници од СВР Тетово денеска приведоа две лица од с.Брвеница поради незаконско емитување на авторски содржини.

Како што соопшти МВР, лишени од слобода се С.М.(55) и Б.М.(26), и двајцата од с.Брвеница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на авторско право и сродни права“.

Имено, при претрес извршен во домот на С.М. пронајдени се и одземени се шест лап-топ компјутери, седум боксови за ИП компјутери, два персонални комјутери, 31 УСБ, три боксови Амазон и список за клиенти.

По документирање случајот против нив ќе биде поднесен поднесок во врска со член 157 од Кривичниот законик, додава МВР.