Македонија
11. May 2021 - 15:54

Приведени две лица од Битола, запленет хероин

На 09.05.2021 во 17.00 часот на наплатна станица Сопот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија Велес ги лишиле од слобода Г.Ц.(33) и О.Н.(35) од Битола. При преглед над нив и на патничко возило „голф“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Ц., каде како сопатник бил О.Н., пронајден е и одземен хероин.

За настанот е известен Јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен поднесок по чл.215 од Кривичниот законик.