Македонија
21. July 2021 - 10:38

Приведени двајца малолетници осомничени за тешка кражба

На 19.07.2021, ЕВР Аеродром и Драчево приведе двајца малолетници од Скопје, поради сомнение дека истиот ден извршиле тешка кражба во возило.

Со нив бил извршен службен разговор, а за настанот бил известен Јавен обвинител за малолетници.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесено соодветна пријава.