Приведени дилери на дрога од Албанија во Гостивар, запленета марихуана
На 06.11.2020 од страна на полициски службеници од ОВР Гостивар, на ул.„Боге Велјановски“ во Гостивар бил извршен преглед кај двајца албански државјани, при што била пронајдена торба со два килограми марихуана. При обид за нивно легитимирање, албанските државјани физички ги нападнале полициски службеници, спречувајќи ги во вршење на службени дејства. Од страна на полициските службеници бил лишен од слобода С.Џ.(21) од Пешкопеја, Р.Албанија, додека М.А.(19), исто така од Р.Албанија, се дал во бегство.
По засилени мерки и активности преземени од полицски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, во соработка со СВР Тетово и СВР Охрид бил пронајден и лишен од слобода и М.А., а дополнително била пронајдена уште една полиетиленска ќеса со марихуана.
По целосно документирање на случајот против двајцата ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање