Приведени девет мигранти и 19-годишен возач кој ги превезувал

Девет мигранти и возачот 19-годишник од Скопје кој ги превезувал во патничко возило вчера на излезот од автопатот кај Демир Капија биле запрени и приведени во Полициска станица за понатамошна постапка.
Како што соопшти МВР, вчера во 17.55 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, на клучка с.Миравци, полициски службеници забележале патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.С. (61) од Скопје, а управувано од Е.И. (19) од Скопје (кој возилото го управувал без да се стекне со право за управување на возило), кое се движело со голема брзина.
- Во близина на тунелот и мостот на реката Вардар кај Демир Капија возилото застанало и од него излегле повеќе лица, по што продолжило со движење кон Демир Капија. Кога возилото се исклучило од автопатот било запрено од полициски службеници. На местото биле затекнати девет лица-мигранти, без документи за идентификација. Возачот Е.И. и мигрантите биле приведени во Полициска станица за понатамошна постапка, наведуваат од МВР.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

СДСМ го освежува раководството
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Safe City би можел да биде пролонгиран за еден месец – за еден ден регистрирани 110.000 прекршоци
-

Гаши очекува власта и опозицијата да се договорат за една анкетна комисија за Кочани
-

Средба Муцунски - Калас во Брисел
-

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од 9 милиони евра
