Македонија
28. November 2021 - 11:44

Приведен жител на Студеничани за доиздржување на затворска казна

Полициски службеници вчера лишиле од слобода лице од Студеничани баран со потерница за доиздржување на затворска казна, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во  05:25 часот во с.Студеничани,скопско од полициски службеници од Оперативен тим потраги и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле  М.А. (38) од с.Студеничани кој се барал со потерница  за доиздржување на затворска казна во траење од три години и 10 месеци во КПУ Идризово, а во врска со чл. 215 од КЗ на РСМ, посочуваат од МВР.

Лицето ќе биде предадено на казнено поправната установа.