Македонија
8. February 2021 - 15:04

Приведен скопјанец за кражба на скутер

Полицијата приведе 28-годишен скопјанец за кражба на скутер на улица „Васко Карангеловски“ во Скопје.

-Во текот на вчерашниот ден по преземени мерки од страна на полициски службеници од ОКР Аеродром и Драчево лишен е од слобода А. Б. (28) од Скопје, поради кражба на скутер „пијаџо“ пријавена во текот на вчерашниот ден на улица „Васко Карангеловски“ во Скопје. По преземени мерки и активности пронајден е и скутерот, информираат од МВР.

Најавуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривични пријава.