Македонија
12. November 2025 - 10:38

Приведен скопјанец, при претрес на неговиот дом пронајдени се 2 килограми марихуана | ВИДЕО

Денеска (11.11.2025) од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје по претходно добиени оперативни сознанија на ул. „Христо Татарчев“ извршено е легитимирање и преглед на С.М. од Скопје. При извршениот преглед пронајдена е марихуана, дигитална вага и поголема сума на пари, а при преглед на патничкото возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.М. пронајдена е поголелема количина марихуана. 

По претходно добиена наредба извршен е и претрес на дом каде што престојувал С.М. при што во помошната подрумска просторија од станот пронајдена е голема количина на марихуана и две дигитални ваги.
С.М. е лишен од слобода известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Ново на Сител