Македонија
23. December 2021 - 19:09

Приведен скопјанец кој уценувал девојка

Денеска (23.12.2021) во трговски центар во Скопје полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го приведоа А.Е. (24) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело уцена. Имено, А.Е. побарал 3000 евра од 22-годишна девојка од Скопје за да не објави компромитирачки фотографии. Девојката го пријавила делото во СВР Скопје, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности и и се дадени кримтехнички обработени пари, кои таа му ги дала на А.Е. на претходно договорена средба во трговски центар во Скопје. 

Веднаш откако ги земал парите, А.Е. е лишен од слобода,а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.