Приведен маж поради закана за поставување експлозив пред куќа во тетовско Мала Речица

Приведен 52-годишен жител на село Мала Речица, тетовско, кој бил пријавен од друго лице од тетовско дека го слушнал како пред неговата куќа разговара со друго лице и се договараат да му постават експлозивна направа кај неговата куќа. Полицијата покрај локалниот пат во близина на куќата на пријавителот пронашла две неексплодирани рачни бомби, информираат од МВР.
- Денеска во 03.20 часот во с.Доброште, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода Г.Ц. (52) од с.Мала Речица, тетовско, кој бил пријавен од лице од тетовско дека го слушнал како пред неговата куќа разговара со друго лице и се договараат да му постават експлозивна направа кај неговата куќа, а околу 10.15 часот покрај локалниот пат во близина на куќата на пријавителот, полициски службеници пронашле две неексплодирани рачни бомби, кои биле безбедно подигнати, информираат од МВР.
Лицето Г.Ц. е задржано во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.
Ново на Сител
-

Меџити не исклучува Села да влезе во Владата, тој пак, тврди дека останува опозиционер
-

Капитални проекти, парична помош за пензионери, смарт осветлување се дел од проектите на кандидатите за скопските општини
-

Една претставка за изборите стигнала во КЗСД – утре ќе одлучуваат и за случајот со кичевскиот градоначалник Дехари
-

Силјановска Давкова: Наместо поддршка добивме уцени и услови за членството во ЕУ
-

Во исто време има и грип и Ковид-19
-

Винаријата Монтеко го промовираше премиум виното Волкано
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче обвинува за предизборни притисоци
