Македонија
8. November 2020 - 17:26

Приведен маж кој и упатил закани по живот на својата сопруга

На 08.11.2020 во 01.00 часот во Полициското одделение Мирковци, жена од с.Мирковци пријавила дека на 07.11.2020 околу 20.00 часот во с.Мирковци нејзиниот сопруг, со кого не живеела заедно, ѝ упатувал закани по животот.

Тој бил приведен во полициска станица и се работи на расчистување на случајот.