Македонија
27. February 2025 - 11:00

Приведен криминалец во тетовско за издржување тригодишна затворска казна

На 26.02.2025 во 19.20 часот во с.Брвeница, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово и Полициската станица Гостивар го привеле Х.В.(35) од Кавадарци. 

Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од три години за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, псхотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 и „одземање моторно возило“ по член 242 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.