Македонија
31. December 2020 - 9:40

Приведен криминалец баран со потерница

На 30.12.2020 во 18.45 часот во с.Црешево, скопско, полициски службеници од Секторот за  меѓународна полициска соработка - Отсек за потрага и од ЕВР Кисела Вода, врз основа на судска наредба, го привеле Д.Н.(42) од с.Брњарци, скопско, кој се барал со потерница за издржување казна затвор од една година. Лицето било спроведено во казнено-поправната установа Затвор Скопје.