Македонија
4. December 2020 - 19:33

Приведен крадец, украденото вратено на сопственикот

Денеска (04.12.2020) полициски службеници од ОКР при ЕВР Гази Баба го приведоа И.Н. (21) од Скопје поради извршено кривично дело тешка кражба ноќта на 03/04.12.2020 во правно лице во Скопје. Од страна на полициски службеници предметите се одземени и вратени на претставник од правното лице, а по документирање на кривичното дело ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје.