Македонија
29. October 2020 - 11:39

Приведен крадец од Тетово, расчистени 15-тина тешки кражби

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово вчера (28.10.2020) околу 11.50 часот на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово го лишиле од слобода 28-годишниот тетовец Ш.И., поради основано сомнение дека е извршител на петнаесеттина тешки кражби. Притоа, тешките кражби во најголем број биле извршени во колонијални продавници, од почетокот на овој месец досега, претежно во Тетово и околните села Челопек, Радиовце, Милетино, Слатино и други.

Ш.И. е задржан во Полициската станица Тетово и против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.