Македонија
6. October 2018 - 10:53

Приведен гевгеличенц кој криумчарел мигранти

Утринава во  2:30 часот од страна на патрола од Граничен премин Богородица, во село Прдејци било сопрено патничко моторно возило „Сузуки Свифт“ со велешки регистарски ознаки управувано од Р.М.(47) од Гевгелија.

При преглед во возилото, биле пронајдени седум авганистански државјани на возраст од 18 до 38 години.

Мигрантите и возачот се приведени за понатамошна постапка.